Потребно е што побрзо да ја вратите масната храна во исхраната, бидејќи тоа е прав златен рудник на човечката исхрана, додека маснотиите помагаат при апсорбирање на витамини пишува Daily Mail.Објаснети со едноставни зборови тие се ланци на јаглеродни атоми кои се прикачени на водородните атоми.Кога во организмот ќе внесеме маснотии,тие се варат и влегуваат во нашиот крвоток каде што служат за транспорт на масти,разградувајќи ги витамините А,Д,Е и К.Заради овие факти смешно е во потполност да ги исфрлите маснотиите од исхраната.
Најдобриот пример е полномасното млеко кое во себе ги содржи сите четири витамини.Ако се исклучат маснитиите,се исклучува и системот кој ќе изврши достава на тие витамини.
Нутриционистите веруваат дека производите измислени од страна на човекот како што се сирење,јогурт и разни други со малку калории, е еден од причините затоа што на луѓето им недостига витаминот А.
Витаминот А е многу важен за здрава кожа, коца,очи и имунолошкиот систем, а слична е работата со витаминот Е,калциумот,магнезиумот,цинкот и железото.
Маснотиите во нашиот организам не снабдуваат со енергија, па парче сланина ќе ве направи посити од кашата овес.
Исто така маснотиите играат клучна улога во формирањето на надворешните слоеви на организмот па затоа се препорачува секоја врста на зеленчук (спанаќ, моркови и др.) да се полие со путер.
Мастите не дебелеат
Спред мислењето на некои нутриционисти внесувањето на маснотии во организмот не би требало да се ограничи затоа што не постојат докази дека заради маснотиите се зголемува телесната тежина.Истражувањето спреведено во далечната 1956 докажало дека телото ги апсорбира маснотиите во количините кои му се потребни а останатото се исфрла со телесните секрети.Не е потребно од исхраната да се исфрлат јаглехидратите со оглед на тоа дека глукозата го снабдува мозокот со енергија, но затоа не е потребно да се јаде леб кој го појачува нивото на шеќер во крвта што придонесува за зголемување на телесната маса ако личоста не е многу активна.
Потребно е да ја исфрлите храната базирана на скроб,како компирот и оризот затоа што се многу слаб извор на витамини и треба да почнете да јадете права храна како месо, риба,млечни производи и зеленчук.
Сепак ова не треба да го доживеете како зелено светло з а прејадување со сланина затоа што веќе следната недела може да прочитате дека маснотиите(сепак) се штетни и да се разочарате.