Кој вели дека мора да имате секс за да станете татко? Таква е приказната и со Трент Арсеналт од Калифорнија, кој е татко на 14 деца, но никогаш во животот немал секс, а има 36 години.
Иако донацијата на сперма е нормална во денешно време, приказната за Трент е малку поинаква. Тој всушност има своја сопствена банка за сперма и вели дека е целосно посветен само на својата „работа“. Вели дека луѓето ја бараат неговата сперма бидејќи е свежа, а не смрзната.
Трент е компјутерски аналитичар кој во слободно време раководи со банка за сопствената сперма која ја нуди бесплатно, а од неговата сперма може да порачате од неговиот веб сајт. Тој вели дека тоа го прави за оние луѓе кои имаат проблеми со зачнувањето, но неможат да си ги дозволат скапите услуги на банките за сперма.
Тоа што Трент го работи можеби е хумано, но не е легално.. Бидејќи тој ја нема регистрирано банката за сперма и не ги обезбедува сите услови, властите му наредиле веднаш да престане со „работа“.
Всушност, на Трент му се заканува казна затвор во траење од една година и 100.000 долари казна. Но тој веќе ја обжалил одлуката на судијата и вели дека нема намера да престане со својата хумана работа.