Еден маж од северниот дел на Кина ја тужел својата сопруга бидејќи дознал дека пред естетските операции била исклучително грда. Токму поради тоа ја тужел и замислете ја добил парницата.
Jian Feng од кинескиот рад Hegang се оженил со убава девојка и живеел среќно се додека не им се родило првото дете. Како што тој самиот рекол, детето било многу грдо и не личело на родителите. Мажот полудел и мислел дека сопругата го изневерила со некој грд маж.
Неговата сопруга со надеж дека ќе го убеди дека не го изневерила му ги покажала фотографиите од себе си пред естетските операции со кои успеала да се разубави.
Сопругот полудел кога видел како му изгледала жената порано, па затоа побарал развод и ја тужел за 120.000 долари. Судот пресудил во негова корист поради фактот што жената се преправала дека е некој друг и го вовлекла во брак.
Сега, покрај тоа што жената потрошила 100.000 долари на естетски операции, сега ќе мора и на сопругот да му исплати 120.000 долари.