Сега ќе откриете зошто не треба да тормозите непозната и сама жена во бар.
Една многу привлечна и сексапилна жена влегува во бар, поточно селско кафанче.
Таа гестикулира примамливо кон шанкерот, кој се разбира веднаш се истрчува. Кога тој пристигнува, таа кокетно му прави знак да го приближи лицето поблиску до нејзиното. Шанкерот се доближува и таа започнува нежно да ја гали неговата долга брада.
„Ти ли си управникот на баров?“ прашува таа, нежно галејќи го по лицето.
„Всушност не!“ одговара мажот.
„Можеш ли да го викнеш? Треба да разговарам со него, важно е?“ поминувајќи со рацете низ неговата коса и брада вели таа.
„Не можам, премногу е зафатен!“ одговара шанкерот. „Но можам ли јас нешто да направам за тебе или со тебе?“ шеговито запрашал тој.
„Да, можеш! Треба да му оставам порака“, продолжува таа, галејќи го неговото лице со двете раце, лукаво ставајќи ги нејзините прсти во неговата уста, дозволувајќи му нежно да ги смука…
„Што треба да му пренесам?“ едвај успева да проговори шанкерот со нејзините прсти во неговата уста.
„Кажи му“, прошепнува таа, „дека нема тоалетна хартија, сапун за раце и чешмата не работи во женскиот тоалет!“