Mc Laren 12C Can-Am тркачки концепт

popara16 август, 20121min00
mcl

Mc Laren на манифестацијата Concours d’Elegance, која се одржува од 16-ти до 19-ти август во Пебл Бич, Калифорнија, ќе ја претстави новата тркачка верзија на моделот MP4-12C.

Концептот 12C Can-Am базиран е на тркачкиот модел MP4-12C GT3. Автомобилот е во портокалова боја и потсетува на тркачите модели од 50-тите и 60-тите години кои ги возеа Bruce McLaren и Denny Hulme.

За да биде полесен користени се карбонски влакна, па така се направени и спојлерот и задниот дифузер.

Внатрешноста е исто така прилагодена на трките, па така опремени се со плус сигурносни појаси кои се врзуваат во шест точки, како и тркачки волан. Вкупната маса на автомобилот намалена е на 1200 килограми.

Концептот е опремен со истиот 3.8 литарски V8 мотор кој се вградува и во стандардниот McLaren MP4-12C. Моторот е унапреден па наместо 625 сега развива 639 КС.

Подобрен е и системот за сопирање, а концептот 12C Can-Am доби и Пирели тркачки гуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag