Цело семејство мечки влегле во една куќа, испипле преку стотици лименки пиво и го уништиле комплетниот инвентар во куќата.
Сопственикот Бортен Нилсен бил шокиран кога видел дека цела викендица му е уништена.
„Изгледа дека добро се забавувале. Целата викендица е уништена. Креветите, кујната, мебелот и полиците, се е уништено“, изјавил сопственикот.
Мечките во куќата влегле преку прозор, а покрај тоа што го изпиле пивото и уништиле се околу себе, тие ги опустошиле и залихите на храна. Трагите од нивните шепи се гледале насекаде.
Семејството Нилсен сега стравува да се врати во куќата, бидејќи поради добрата гозба мечките може повторно да се појават.