Медитација – 9 едноставни совети

popara1 ноември, 20121min00
Meditacija_imunitet

Држење на телото

Без разлика дали седите на стол или со прекрстени нозе, потрудете се вашиот рбетен столб да е исправен. Умот и телото се испреплетени – ако вашето тело е добро избалансирано, и вашиот ум ќе биде.

 Очи

Потрудете се да ги држите очите отворени. Отворените очи ви овозможуваат да бидете поприсутни. Ако ги затворите очите поголема е веројатноста вашите мисли да одлутаат. Сепак некои луѓе сметаат дека затворените очи им даваат поголема ефективност. Затоа најдобро е да направите онака како што вас ви е најудобно.

Фокус
Медитацијата е прекрасен начин на будење на нашиот живот. Ние сме склони да ги пропуштаме повеќето искуства само затоа што сме на некое друго место во нашиот ум. Во медитацијата најдобро е да се користи дишењето како централен фокус. Тоа е како еден вид на природна врата која го поврзува “надворешното” со “внатрешното”.

Броење
Доколку имате потешкотии со концентрацијата и фокусирањето, пробајте да ги броите вдишувањата и издишувањата. Секогаш кога ќе забележите дека вашите мисли се на повеќе места, пробајте да броите до 33 и назад, со што враќањето до 1 ќе означува враќање во сегашниот момент.

Мисли
Кога ке забележите наплив на мисли, не се обидувајте да ги запрете и блокирате. Ова може само да ви донесе фрустрација и вознемиреност. Едноставно замислете ги вашите мисли како непожелни гости кои се појавиле пред вашата врата. Признајте го нивното присуство и кажете им да заминат враќајки се постепено на вашето дишење.

Емоции
Тешко е да се медитира доколку  во себе се борите со силни емоции. Тоа е  затоа што некои емоции се склони да создаваат приказни во нашиот ум. Емоциите како стравот, срамот или бесот, се најчестите создавачи на приказни. Во тој случај најдобро е да се потрудите да се фокусирате на деловите од вашето тело кои се засегнати со емоцијата. На пример, кога чувствуваме страв најчесто е тоа придружено со стегање во градите, или пак со вознемиреност во стомакот ( значи тогаш ќе се фокусираме на градниот кош или пак на стомакот).

Тишина
Тишината е лек. Денес постои голем избор на музика за медитирање, меѓутоа сепак ништо не е подобро од тишината. Постои некоја цврстина и смиреност во тишината.

Должина
Започнете со 10 минутна медитација. Продолжете го времето само тогаш кога ќе почувствувате дека тоа не ви е доволно. Времето на медитирање е индивидуално, затоа правете онака како што вам ви одговара.

Место
Посебно задоволство ќе ви донесе местото каде медитирате. Затоа слободно декорирајте го онака како вам ви се допаѓа. Свеќи, цветови, каменчиња…изборот е ваш.

Задоволство
Најважно од се е да уживате во медитацијата. Започнете од денес и направете медитирањето да биде една секојдневна рутина за вас. Бидете добри према себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag