Медлин со портокал и чоколадо

29 ноември, 20120
madelein so portokal

Потребни состојки:

за околу 30 колачиња

  • 100гр путер
  • малку сол
  • сок и кора од еден портокал
  • 3 јајца
  • 1 жолчка од јајце
  • 130гр шеќер
  • 130гр брашно
  • 2 лажици густин
  • ½ лажица прашак за пециво
  • 150гр млечно чоколадо

Начин на подготовка:

Згрејте ја рерната на 190 степени. Калапот за медлин малку намастете го со путер, посипете со брашно и солободете се од вишокот. Путерот стопете го на тивок оган, па оставете го настрана да се олади.

Со миксер пенасто изматете ги јајцата со шеќерот (околу 4 минути). Кога путерот е ладен, со лопатка за мешање лесно додадете и измешајте со смесата со јајца.

Додадете ги сокот и кората од портокал.

Измешајте ги сувите состојки, брашното со прашок за пециво и густин. Додадете го во смесата од јајца и со лопатката се заедно добро помешајте.

Со лажица земајте го готовото тесто и пополнете го калапот за медлин. Немојте целосно да ги пополните, најмногу ¾ од отворот, бидејќи со поечење ќе нараснат. Печете ги 8 минути. Испечените колачиња извадете ги и оладете ги на чинија обложена со кујнска хартија.

Над еден помал сад со зовриена вода, на пареа стопете ја чоколадата. Секој медлин колач декорирајте го до половина со стопеното млечно чоколадо, па наредете ги на чинија за сервирање.

Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *