Медот е мелем за лице и тело

popara24 октомври, 20121min00
honey-face-mask

Ц Медот е богат со шеќери, витамини Б1, Б2, Б6, Ц, минерали и ензими. Има благо антибактериско дејство, па е идеален за осетлива кожа на скалпот, луѓето кои имаат првут, мозолчиња и чувствителна кожа.

Цитрусното овошје го чисти и освежува лицето, косата ја прави сјајна и свиленкаста, а телото го затега и ги ослободува вишокот масни наслаги. Кога медот и лимонот ќе се помешаат, се добиваат фантастични маски за нега, пробајте!

Тоник за чистење лице

Измешајте 100мл слатка павлака, лажичка сок од лимон и лажичка мед.

Мешавината со памук нанесете ја на лицето, вратот и деколтето, оставете да делува пет мужинути, а потоа исплакнете со млака вода.

Сладок балзам за испукани усни

Медот е идеален лек за испукани усни. Намачкајте ги со мед, оставете да делуваат пет минути, па излижете. Протеини и витамини ќе продрат под тенката кожа на усните и тие во истиот момент ќе омекнат. И готовите производи на база на мед се добро и практично решение.

Маска за намалување на порите

Измешајте три лажици јогурт и сок од половина лимон. Со памук нанесете на челото, носот и брадата, деловите со проширени пори и на деколтето, оставете да делува околу 30 минути, па исплакнете со млака вода. Оваа маска ги намалува порите, ја чисти и затегнува кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag