Еден маж од кинескиот град Hangzhou се обидува да замени две кучиња за БМВ, за кој рекол дека му е потребно да за да носи својата болна сопруга на пат.
Господинот Пан, 61 годишен кинез, кој одгледува кучиња веќе 17 години, нуди два мастифа, златен и црн, едниот тежи 80, а другиот 90 килограми.
Тој додал дека неговата сопруга е болна од рак и дека сака да ја носи на патување.
Кинезот сака да добие БМВ, а за возврат ќе ги даде кучињата, се само за да ја однесе својата сопруга на пат во нејзиното родно место и на други места кои сакала да ги види.
„Можеби од патувањето ќе оздрави“, додал на крај Пан.