Извршниот директор на американскиот гигант Microsoft, Стив Балмер најави дека компанијата ќе дели големи подароци за своите вработени, кои низ светот ги има околу 90.000.
Болмер изјавил дека секој вработен во оваа компанија ќе го добие таблетот Surface RT, паметниот телефон Windows Phone 8 и нов персонален компјутер.
Со тоа компанијата се искачува на листата на фирми во кои е добро да се работи, пишуваат француските медиуми.
Семинарот на кој било соопштено ова од извршниот директор бил затворен за медиумите, но радоста на вработените можела да се забележи на социјалните мрежи.