Првата верзија на Surface таблетот ќе се базира исклучиво на Wi-Fi технологијата, дознава Bloomberg.
Потенцирано е дека овој производ ќе се позиционира како да се работи за уред кој може да се користи секаде и ќе ја има функционалноста на notebook.
Портпаролот на Мајкрософт, Кетрин Брукер несакала да ги коментира овие тврдења.
Инаку, според непотврдени информации цената на овој таблет ќе изнесува од 599 долари, а про верзијата 999 долари.