Покрај Санторини и Крит, Миконос е најпопуларниот, но и најскап грчки остров. Се наоѓа на средината на Егејското море, припаѓа на групата острови Киклада, а од Атина е оддалечен шест часа, односно 40 минути со авион… Се наоѓа помеѓу островите Тинос, Сирос, Парос и Наксос. Има премногу плажи кои најчесто се преполни, за време на „ сезоната “ е преполн со туристи и најчесто сместување во овој период е тешко да се најде…но сепак вреди да се посети…
Иако и рестораните се поскапи од остатокот од Грција, квалитетната храна, брилијантната клима и посебноста на ова место вредат… Често, Миконос се споредува и со Ибица. За некои, ова е рајот на земјата, за други, европската Содома и Гомора. Миконос е островот кој што никогаш не „ спие “. Журките, пабовите и клубовите овде имаат примат, повеќето туристи не се будат пред попладне, а гласната музика се слуша до раните утрински часови.
Миконос е остров кој Боговите го создале за хедонистите…
Пронајдете се и Вие !!!