Мила Јововиќ соблекла речиси се од себе!

popara9 март, 20121min00
milla_jovovich_337_499

Убавата актерка го покажа својот шарм на насловната на престижен магазин за мажи. Мила Јововиќ соблекла речиси се од себе за мартовското издание на познатото машко списание “Maxim” и покажала дека сеуште е во совршена форма.

Убавата актерка и поранешна манекенка позирала во многу провокативна поза, во црна долна облека и подвезици, а она што е интересно е тоа дека во интервјуто не зборувала за врските и бракот со Поло Андерсен, но открила некои други непознати детали од својот живот. Раскажала дека нејзино хоби е собирање на куќички за кукли.

-Собирам куќички за кукли и имам девет. Тоа го правам, бидејќи сакам да создавам светови и во состојба сум со часови да седам и да местам тапети и да поврзувам електрична енергија во кучите, објаснува Мила.

Заводливата актерка во наредниот период очекува премиера на хорор филмот  “Resident Evil: Retribution”, како и снимање на епската бајка “Ice Queen”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag