Реалниот живот го пренела на фотографиите – убавата Мила Кунис папараците ја следат и во новата рекламна кампања!
Актерката, која од неодамна е во врска со колегата Ештон Качер, направила сет промотивни фотографии за новата колекција Диор рачни чанти, чие е заштитно лице.
Фотографиите на кои Мила ја прогонуваат папараците ги изработил Марио Соренти, а целата кампања испраќа порака дека овие торби не се достапни за секого, туку само за оние со малку повеќе стил и пари. Во секој случај, уживајте во фантастичните фотографии.