Кралски!
Милан Поповиќ гради дворец во местото Сраж, одалечено девет километри од Вршац! Во него ќе живее со Северина и сниот Александар. Величенствената зграда наскоро ќе добие свои темели, а во моментов е во фаза на подготовка на терени. Милан имотот го купил пред три години,а неколку помали куќи кое се наоѓале на местото, веќе се срушени. Старото здание по се изгледа дека ќе мора да се реновира, бидејќи, како што дознаваат мештаните, е заштитен од државата.
Кога градбата ќе биде завршена, низ луксузниот комплекс ќе протекува реката Караш, а неа ќе ја украсува дрвен мост, по кој српскиот бизнисмен и хрватската пејачка со својот наследник ќе одат во прошетка во шумата која го опкружува целиот имот. Бујните крошни дрвја ќе бидат заштитени од љубопитните погледи, а оваа војводинска идила ќе ги надмине и вилите на холивудските ѕвезди. Поповиќ својот дворец планира да го опреми со спа центар, отворен базен, неизбежна теретана и игралиште за баскет.
На влезната дрвена капија, зад која наскоро ќе се започне со работа, сега се наоѓа голем сосема јасен натпис на таблата: “Забранет влез, приватен имот” со пораката љубопитниците да се пазат од куче.
И додека Милан се обидува да изгради за Северина и нивниот син, куќа како од бајките, работниците на нивната фарма во Ченеј сеуште чекаат да им ги исплати заостанатите долгови.