Милан Поповиќ сериозно се фрлил на проширување на својата империја, па во листата на недвижен имот одлучил да вклучи и уште еден престижен објект. Ако е вистина она што го пишува Press Online, тогаш Милан одлучил Северина за Денот на жената да ја изненади со вилата “Брeг”.
Се работи за хотел со 5 ѕвезди, сместен во Вршац, кој може да се пофали со 44 пространи соби и четири луксузни апартмани, спа центар, затворен и отворен базен, сауна, турска бања, сала за фитнес и прекрасна градина која се протега четири илјадници квадратни метри.
-Милан и Севе биле чести годти во овој хотел, бидејќи е уреден по највисоките светски стандарди и се наоѓа во тивок град, што особено им одговара на познатите личности кои сакаат изолација од љубопитните папараци.