Mини колачи со сирење и јагоди

21 април, 20120
2

Потребни состојки:

  • 2 –чаши сомелен кекс
  • 10 – лажици стопен путер
  • 2 – чаши рикота сирење
  • 2 – чаши крем сирење (на собна температура)
  • 2 – лажички екстракт од ванила
  • ½ шољичка ситен шеќер
  • 3 јајца, лесно изматени
  • Свежи исечкани јагоди

Подготовка:

Загрејте на рерната на 160с. Ставете 24 хартиени корпи за мафин- колачи во тава за печење. Ставете ги кексите во машина за сечкање храна и мешајте додека не добиете груби трошки. Додадете го путерот и мешајте додека не се спои со трошките.

Ставете по 1 лажица тесто од трошки на дното на секоја хартиена подлога за колачи, па втиснете. Ладете ги додека не се стврднат.

Во голема здела мешајте го рикота сирењето се додека не стане крем. Додадете го крем сирењето, ванилин шеќер и ситниот шеќер, мешајте додека не стане мека смеса. Полека ставајте ги јајцата, добро мешајте. Со лажица распоредете го кремот преку корите.

Печете 25-30 минути. Извадете ги од рерна и ладете 5 минути. Тогаш извадете ги колачите и уште ладете ги. Извадете ги од хартиените подлоги. Оставете ги во ладилникот до послужувањето. Украсете ги со сечкани јагоди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *