Миранда е жена со “сто лица”… Нејзината моќ на трансформација е завидна, а овој пат таа за насловната на “Harper’s Bazaar” се сликала облечена во опрема за јавање… и погодувате и овој пат беше еднакво заводлива.
Г-ѓа Блум за потребите на снимањето носела луксузна долна облека, а за импресивните фотографии заслужен е Џиампаоло Сгур.
Австралискиот модел изјавила дека мајчинството не и пречело во кариерата, дека нејзината линија е совршена, нема недостаток на ангажмани и дека секој момент на пауза за време на снимањето го користи да биде во друштво на синот.
“Го земам секогаш со мене. Тој е прекрасен и мојата најголема среќа. Уживам во моментите кога сум потполно посветена”, изјавила Миранда.