Мирисно италијанско лепче

23 јануари, 20120
Bread over white background

Потребни состојки:

500 гр. брашно

1 квасец

2 лажички сол

2 лажички ситно сецкан рузмарин

250 мл. млака вода

4 лажици маслиново масло

70 гр. црни маслинки

100 гр. сирење исецкано на коцки

3 големи лажици масло за премачкување

Припрема:

Ставете ја водата во поголем сад и ставете го квасецот за да стаса. Откако квасецот ќе стаса додадете го брашното и замесете го тестото. Потоа додадете го маслиновото масло и солта. Замесете глатко тесто и оставете го покриено да отстои.

Откако тестото ќе стаса на набрашнета површина развлечете кора во правоаголна форма со димензии 25 см на 15 сантиметри. Врз кората додадете ги маслинките сецкани на кругови, и сирењето и рузмаринот. Лепчето премачкајте го со масло за јадење.

Ставете го лепчето во намрсена тава. Печете 20тина минути на температура од 220 степени целзиусови, се додека лепчето не добие златно румена боја. По печењето ставете го лепчето да отстои завиткано во чиста крпа. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *