Нова контраверзна биографија на претседателот на САД- наводите тврдат дека Мишел планирала да се разведе од својот сопруг Барак во 2000 година.
Авторот на “The Amateur:Barack Obama in the White House” Едвард Клајн,тврди дека до разговор за развод дошло во осмата година од нивниот брак, кога претседателот не ја послушал својата сопруга кога го советувала да не се натпреварува со демократот Боби Раш за место Претставничкиот дом.
Тешки денови следеле после тој пораз а тој од Мишел барал утеха.Но таа не била расположена за сочуствување.Тој одбил да го сослуша нејзиното предупредување-пичшува Клајн, а пренесува Хафингтон Пост.
Портпаролот Ерик Шулц ги отфрли Наводите во неавторизираната биографија, за која Клајн тврди дека се базира на 200 интервјуа.”Ед Клајн има историја на непроверени произволни информации за да може да продава книги.Никој нормален нема да верува во тоа што тој го пишува.”
Ова не е прв пат да се споменува разводот на фамилијата Обама.Во 2010 National Enquirer објави дека првата дама се заканувала со развод доколку претседателот се одлучи на втор мандат.
Парот е во брак веќе 20 години и имаат две ќерки Мали(13) и Саша(10).