Мислам дека знам каде е проблемот…

popara16 март, 20121min00
Businesswoman standing on a ladder looking through binoculars

Денес темата на разговор ќе биде мажот во костим. Спорот е помеѓу мене и мојата пријателка. Нејзиниот маж од соништата е со костим, работи во банка и е фалш до сршта на коските. Не е задолжително да ја сака, зошто таа ќе ги сака неговите пари и неговиот општествен статус. Ќе го покажува со гордост на пријателите и ќе го дели со нив и со многу други. Тој навечер ќе си легнува во студениот кревет со убавата студена жена. Но за неа е важно да користи скапи креми и да си ја облече сатенската ноќница пред легнување. Таа сака маж за пред луѓето и пари за себе.

Вистината е, дека открив каде е проблемот. Мама има болни амбиции, мама мисли дека принцезата заслужува принц. Мама одгледала една неспособна за ништо патка, која лета високо. Високото ја пробува еднаш и ја исфрла. Се појавува мојот идеал за маж во нејзиниот живот. Едно паметно и амбициозно момче. Со реален поглед кон светот, кој ќе и подари љубов. Ќе ја боготвори, ќе ја прави среќна. Но…момчето е од провинција и замислете неговите родители се занимаваат со земјоделство.  Мама вели: „Аууууу не ти не си за провинција, ти си за Парис!“

Парис? Е сега остани си со извинение несреќна и недоебана. Нагузена од следното „големо добро утро“…

Таа неможе ни да замисли дури, колку е убав обичниот живот. Животот во кој те радуваат малите работи, вистинскиот живот. Каде материалното е само начин за преживување. Научив едно од татко ми „Никогаш немој да станеш роб на парите“. Нема  и да дозволам. Сакам скромен и полн со топлина живот, дури и да се откажам од убавата работа и големиот град. Знам дека сум 1000 пати посреќна, отколку онаа во сатенската ноќница до еден скап костим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag