Поп-дивата призна дека понекогаш многу тешко и е што е самохрана мајка на четири деца.
Пејачката призна дека по разводот со Гај Ричи во 2008 година, постојано се бори да направи баланс меѓу нејзината кариера и одгледувањето на четирите деца, а дека тоа не е лесно воопшто.
Во интервјуто за списанието “San” пејачката призна дека таа многу често има чувство “дека главата ќе и експлодира” од сите обврски што ги има.
“Воспитувањето на четири деца и одржување на кариера како што е мојата, во исто време, не е воопшто лесно. Нема да ве лажам, но навистина е тешко да се подигнат четири деца и да се занимавате со работата со која се занимавам јас и да бидете успешен”, изјави пејачката.
Мадона има четири деца – ќерките Лоурдес (15 години) и Мерси (5 гоини), и синовите Роко (12 години) и Дејвид (6 години).
Пејачката моментално е во врска со танчер Брахими (24 години).