Мисли кои ќе ве мотивираат и инспирираат

popara23 мај, 20121min00
s3

Успешните луѓе размислуваат позитивно за животот! Сите имаме и добри и лоши периоди. Кога работите се така како што треба, ние лесно остануваме фокусирани, позитивно расположени и ги следиме своите цели до крај. Но кога ќе се соочиме со проблеми, потешкотии и непријатни ситуации можеме многу лесно да изгубиме вера во своите способности и мотивацијата дури и да исчезне.

Ви предлагаме неколку  мудри мисли со кои се надеваме ќе ве мотивираме кога ќе се најдете во тежок период од својот живот како што впрочем на сите ни се случува. и да, тоа е животот!

„Не треба да си голем кога започнуваш нешто, но ќе треба да почнеш ако сакаш да бидеш голем!“

„Препреките не треба да ве спречат. Ако се судрите со ѕид не му вртете грб. Размислете како да го искачите, како да го заобиколите или пак да пројдете низ него.“

„Клучот кон тоа да реализираш една своја мечта не е во тоа да се фокусираш врз успехот, а на важните работи. После тоа дури и најмалите чекори и победи по патот ќе ти изгледаат големи.“

„После 20 години ќе бидеш повеќе разочаран поради работите што не си ги направил, отколку за она што си го направил. Затоа фрли се во непознатото, ризикувај, сонувај, откривај!“

„Промената нема да дојде, ако чекаме некое вистинско време за тоа. Ние сме тие кои треба да ја направиме таа промена, за која копнееме толку многу.“

„Никогаш не е премногу касно да почнеш од почеток. Никогаш не е премногу касно да бидеш среќен.“

„Без разлика за какво решение ќе се одлучите, секогаш ќе се најде некој да ви каже дека грешите. Секогаш по патот има потешкотии, кои ќе ви ги искушуваат мислите, дека вашите критичари се во право. Вистината е дека за да си создадеш план за акција и да го следиш стрикно до крај, потребна е голема храброст и упорност.“

„Ако сам не го планираш својот животен пат, најверојатно ќе се најдеш во нечиј туѓ план. И погоди што е планирано во него за тебе? Не особено многу.“

„Можеш да прецениш за каков човек станува збор според тоа не како се однесува во зоната на комфортот, туку како се однесува на штандот со предизвици.“

„Патот кон среќата се крие во два едноставни принципи: Види што те интересира и со што се справуваш добро и посвети се на тоа со целата своја душа.“

„Продолжи да чекориш напред и шансите да се сопнеш на нешто, кога најмалку очекуваш се зголемуваат. Но пак никогаш не сум слушнал за некој што се сопнал, додека бил во седната положба.“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag