
Италијанските власти последниве неколку дена се шокирани и се чудат кој или што би можело да ја тргне подводната бронзена статуа висока 2 метри, а тешка три и пол тони. Статуата била поставена 29 метри под површината на Медитеранското море на западниот италијански брег пред градот Паола.
Ова е една од многуте статуи под вод кои ги има Италија, а намената и е да ги штити рибарите и нуркачите. Властите се сомневаат дека статуата била земена со рибарски мрежи или пак дека е украдена.
httpv://www.youtube.com/watch?v=L7H6RKe2E4Q