По една експлозија во Бразавил исчезнале 75 деца и месец дена не се знае каде се.
Пред месец дена страшна експлозија го потресе главниот град на Република Конго. Поради избувнатиот пожар во еден воен магазин на истокот од градот погинале 292 лица, повеќе од 2000 биле повредени, а без покрив над главата останале околу 14 илјади луѓе.
Официјален претставник на локалниот Црвен крст изјавил дека 75 деца се исчезнати. Што точно се случило со децата не е познато, постои можност да се живи. Сепак, главниот човек на црвениот крст Бернард Метарукс изјавил дека не е исклучена можност децата да се мртви под рушевините.