Мит или вистина? Вегетаријанците живеат речиси 10 години подолго!

popara24 октомври, 20121min00
vegetarijanci

Вегетаријанците се, во просек, 13,6 килограми полесни од луѓето кои јадат месо и имаат пет единици помалку на скалата BMI. Не верувате?! Прочитајте ги резултатите од најновите истражувања…

Вегетаријанците може да имаат подобра крвна слика и генерално помалку здравствени проблеми, а отсекогаш се тврдело дека луѓето кои ‘живеат само од овошје и зеленчук’ живеат подолго од оние кои јадат месо. Иако до овие резултати се дошло уште пред половина век, новото истражување донело и некои конкретни бројки.

И не само тоа, истражувањата покажале дека храната која вегетаријанците често ја консумираат – овошје, зеленчук, ореви, мешунки – може да го намалат ризикот од болести како што е ракот, срцеви заболувања и дијабетес тип 2, контролира BMI и обемот на половината и поттикнува подобро функционирање на мозокот.

Главниот истражувач Гери Е, Фрејзер во студијата која сеуште не е завршена открил резултати добиени на 96.000 испитаници од САД и Канада и тоа на собирот “Food & Nutrition Conference & Expo 2012”.

Вегетаријанците живеат во просек 83,3 години, а вегетаријанките 85,7 години – што е дури 9,5 години повеќе од мажите и 6,1 години повеќе од жените кои немаат ваков режим на исхрана.

Тука се и некои други наоди од студијата:

* Веганите се, во просек, 13,6 килограми полесни од луѓето кои јадат месо.

* Веганите имаат пет единици помалку на скалата БМИ.

* Вегетаријанците и вегани се помалку отпорни на “шок” од инсулин.

* Послабите луѓе, најверојатно, редовно вежбаат и избегнуваат цигари, што придонесува за нивното целокупното здравје.

* Полувегетаријанците кои го ограничуваат консумирањето на производи од животинско потекло, но и понатаму јадат месо еднаш неделно, имаат оптимална заштита против болеста.

Единствената разлика помеѓу вегетаријанци и вегани е што овие другите покрај месо не јадат било кои други намерници од животинско потекло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag