Малку да им посветиме внимание и на мажите! Ви ја претставуваме колекцијата на италијанскиот бренд Energie за сезоната пролет/лето 2012
Оваа пролетна колекција нуди стил со постојана метаморфоза и е наменета за мажи кои сакаат да внесат свежина и младешки дух во своето секојдневие. Стилот од 50тите години на минатиот век, кој е основен мотив на оваа колекција, одлично се вклопува во оваа сезона која и кај мажите и кај жените е обележана со ретро стилови од минатото.
Колекцијата нуди интересен извор на фармерки, патики, маички, сакоа и блузи, како и капчиња и каиши со кои ќе го надополните вашиот имиџ.