Кумот си добил неколку удари по главата, по што заработил 10 конци, а венчавката била откажана.
Осло – еден норвешки малдоженец полудел кога се вратил дома и во креветот ги фатил невестата и кумот.
Младоженецот се шокирал, го фатил најдобриот пријател, го претепал и го давел се додека тој не се онесвестил. Кумот заработил 10 конци на главата, пренеле локалните медиуми.
Штом се освестил кумот веднаш побегнал, соседите виделе што се случува и повикале полиција. Младоженецот добил 75 дена затвор.
Невестата жаи, бидејќи се било нејзина вина.