Потребни состојки:
- 400мл мајонез
- 400гр пилешко бело месо
- 4 белки
- 300гр пченка
- помал корен од целер
- половина тегла кисели краставички
- 4 поголеми моркови
- зачин
Начин на подготовка:
Месото сварете и исечете го на коцки. Белките изматете ги, посолете и побиберете, па испечете ги на тефлон. Готовите белки со вилушка ситно изгмечете ги. Морковите и краставиците исечете ги на ситни коцки, а целерот крупно изрендајте го и додадете малку оцет. Во поголема чинија помешајте ги подготвените состојки, па соединете ги со мајонез. На крајот додадете зачини.