Мојата слабост е твојата сила

popara6 март, 20121min00
1

Денес сум таква, како што никогаш не си ме видел и нема да ме видиш. Да знам дека не треба да ветувам, но ова се оние сакрални моменти, кои не ги делам со никого. И со тебе нема да ги споделам. Тоа е мојот свет, во кој никој, дури и најблиските немаат достап. Така сум решила, а за тоа имав милион причини…Ти нема да ме видиш таква. Ако ме видиш, тоа би значело да се оставам во твоја власт, а не сакам! Секогаш кога ќе ја отворев душата и ќе го дадев срцето, го добивав згазено. Јас треба да можам сама. Неможам да го преместам својот центар на стабилност надвор од мене, во тебе, со оглед на нејасната иднина. А и да беше јасно? Имам ли гаранција од иднината?

Ти несмееш да ме гледаш таква. И нема. Јас неможам да ја покажам мојата слабост пред тебе, за да ми ја одземеш и да ја претвориш во твоја сила. Сите до сега се хранеа од моите слабости, јас ги направив силни, тие ме предадоаа, до еден. Мојата слабост ќе ја зачувам само за себе. Зошто незнам кога ќе дојде времето, кога ќе сум без тебе. И ако премногу од себе ти дадам, ќе се најдам ли повторно? Можеби не. Има граница. Јас ја поставувам. Со цел. Тогаш кога ми е мачно, тажна сум и сакам да сум сама. Да, те сакам, но нема се да споделам со тебе. Низ некои работи треба да минам сама, за да се заштитам, за да знам, дека можам и така.

Ти очекуваш на тебе да се потпрам, но тоа ми го ветија и другите, оние кои ме оставија сама, оние на кои им верував како тебе сега. Овој пат нема да стане така. Со силно стиснати заби продолжувам напред кон самата себе и сама. Има нешта кои се само за мене, не за нашиот свет. Ќе разбереш. Ако не сега, тогаш некој ден. Кога ќе ги носиш истите белези како моите. Јас едноставно треба да се заштитам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag