Иако ‘фура’ имиџ на ‘ледена кралица’ која во јавноста не се смее, една работа сепак и мами насмевка на нејзиното лице.
Викторија Бекам има страст. Страста за модата ја направи една од највлијателните модни дизајнери на денешницата, а нејзината последна ревија за пролет 2013 година, публиката ја дочекала со аплауз што ја предизвикало долгоочекуваната насмевка на нејзиното лице.
Неколку пати во интервју го објснува својот ‘страв од смеење’ во јавност, тврдејќи дека не изгледа убаво кога се смее. Но, конечно, ги заборавила комплексите и се насмевнала!
Викторија била инспирирана од облеката за тенис, па вметнала многу кратки здолништа во стил на училишна униформа и машки црно бели кондури. Користела чисти бои како бела, црна, со додавање на портокалова и вметнала и по некој секси црн фустан со транспарентни или сатенски отвори.
Поддршка и дал и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам кој не можел да прпушти толку важен настан за неговата сопруга.