Во Новосибирск жителите со неверување и шок ја прифатиле веста дека 18 месечната Никол Карпов трагично починала откако еден психички болен човек ја прободел 90 пати со нож, а потоа телото и го врлил на ротвајлери.
Руската полиција најпрво мислела дека девојчето било нападнато од кучињата, но по обдукцијата биле откриени борјни повреди од убоди со нож.
Се уште не еобјавен идентитетот на човекот кој монструозно ја прободел малата Никол. Славниот и засега единствениот осомничен е пријател на мајката на девојчето, по кого полицијата трага.
Се претпоставува дека убиецот намерно го фрлил телото на кучињата за да го прикрие злочинот.
Ротвајлерите се наоѓале во дворот на куќата, бидејќи мајката на девојчето била професионален тренер на кучиња. Не е јасно зошто мајката го оставила девојчето само. Во моментот кога се случило убиството мајката била во соседната шума. Кога се вратила дома ја пронашла својата ќерка мртва.