Монструозен план: Полицаец планирал да киднапира, свари и изеде стотина жени!

popara26 октомври, 20121min00
policaec

Во Њујорк е уапсен полицаец кој планирал да киднапира стотина жени, да ги силува, злоставува и да ги испече во специјално подготвна печка. Мислев да ја варам на тивок оган и да ја држам во живот што е можно подолго – напишал во својот план монструозниот полицаец.

Полицаецот Жилберто Вале од Харлем кој планирал да киданпира стотина жени со цел да ги силува, злоставува, а потоа да ги испече и изеде, фатен е во средата во својот дом, објавила федералната влада во Њујорк.

Иако ниту една жена не настрадала, помошник-директорката на ФБИ Мари Галиган изјавила дека деталите од обвинението биле застрашувачки.

Со потрегата на ФБИ на неговиот компјутер биле пронајдени информации за најмалку сто жени со нивните имиња, фотографии и други лични податоци.

На еден документ пронајден во компјутерот пишувало: “Киднапирање и варење (Жртва 1): Нацрт”. Во датотеката стоел датумот на раѓање и други лични информации за жената, како листа на потребни елеманти – автомобил, хлороформ и јаже.

Гилберто Вале за своите намери детално разговарал со неименуван сведок. Тие разговарале и за користење а хлороформ со кој жртвите ќе се онеспособат и пренесат во неговата куќа, каде според зборовите на тој полицаец печката била доволно голема за жената да застане со свиткани нозе.

-Мислев да ја сварам на тивок оган и да ја држам во живот што е можно подолго – напишал Вале во еден интернет разговор.

Разговарале и за подготовка на жените на скара или печење на живо во кафез.

Вале според наводите на полицијата дури и се сретнал со една од своите потенцијални жртви во ресторан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *