Сан Франциско го одблежува 75-иот роденден на мостот Голден гејт со прослава, прошетка со водичи и свечена манифестација.
Властите сепак нема да дозволат масовна прошетка по мостот, нешто што се обидеа да направат во 1987 година по повод 50 годишнината од познатиот мост.
Властите тогаш го затворија мостот за сообраќај и се надеваа дека ќе се повтори свеченоста од далечната 1937 година кога спортисти, танчери и други познати лица за прв пат зачекорија по тогаш најдолгиот мост.