Претставниците на компанијата Motorola Mobility Uk, британска подружница на Motorola, најавија дека до крајот на јули ќе го претстават својот евтин памтен телефон со Андроид.
Станува збор за моделот Motosmart кој ќе користи 2.3 Gingerbread и ќе се продава по цена од 99 фунти или околу 125 евра.
Истаканто било дека овој модел ќе биде наменет за оние корисници кои несакаат да се оптеретуваат со комплицирани подесувања и сложени инструкции.
Motosmart има екран на допир со дијагонала од 3,5 инчи и резолуција од 320×480пиксели, процесор од 600 MHz. Ниската цена на телефонот нуди само меморија од 512 MB, но просторот за чување на податоци може да се зголеми со помош на мемориска картица во формат на microSD.