Преубавата пејачка отсекогаш привлекувала внимание со својот изглед, а особено со својата бујна позадина на која не успеле да одолеат некои од најпознатите мажи на светот.
Џенифер Лопез денес слави 43-ти роденден , верувале или не. Со својот атрактивен изглед ЏејЛо и денес остава без здив, баш како и на почетокот на кариерата.
Минувајќи низ музичките и модните фази за време на кариерата, отсекогаш ги нагласуваше своите атрибути, а особено својот задник кој го осигура за вртоглави 27 милиони долари.
Нејзиниот задник стана речиси исто познат како и таа, а често беше на мета на потсмев и подигрување, додека од друга страна за многумина беше предмет на обожување. Како и да е, Џенифер на својот задник заработила огромна бројка и го смета за свој заштитен знак.
Својата кариера ја започнала како танчерка во емисијата ‘In Living Color’, а остварила и бројни незаборавни улоги во многубројни филмови. Својата вистинска манија сепак ја пронајде во музичката кариера. Зад себе има бројни снимени албуми за кои освоила престижни награди како Греми.