На границата помеѓу Израел и Јордан, во Јорданската долина, се наоѓа најниската точка на Земјата – Мртвото море. Мртвото море е и најсоленото море во светот. Но, за жал, ова чудо на природата станува сé помало во однос на неговата првобитна големина, а се предвидува дека со текот на времето и ќе исчезне. Поради овој факт, сместете ја оваа дестинација на листата места кои вреди да ги посетите…
Мртвото море се наоѓа 400 метри под нивото на морето. Неговата најголема длабочина изнесува 330 метри, најголемата ширина 16 километри, а најголемата длабочина 67 кичометри. Порвршината на Мртвото море е 810 километри квадратни. Како и да е илјадници години наназад, Мртвото море привлекува туристи од целиот Медитеран. Се спомнува и во Библијата, а претставува и еден од првите здравствени центри.
Салинитетот на Мртвото море изнесува 30%, што е за девет пати повеќе од салинитетот на обичната морска вода. Поради високиот процент на салинитет, водата има голема густина. Водата е топла, така што можете да запливате веднаш, без претходно прилагодување на температурата на водата во однос на температурата на воздухот. Главата и рамената ќе Ви бидат секогаш над водата, така што овде најзадоволни би биле непливачите. Оваа солена вода благотворно делува на кожата, бидејќи во морето се наоѓаат минерали корисни за човекот: натриум, калиум, магнезиум, бром. На дното на морето се наоѓа глина, која посетителите ја мачкаат, за здравје…
Посетете го ова чудо на природата пред да биде премногу доцна !!!