Му дале отказ поради фотки на Фејсбук!

popara6 јули, 20121min00
v250865p0

Еден официјален претставник на Филипините наводно бил на работа, но сликите кои ги поставил на социјалната мрежа всушност покажале дека тој ужива на еден остров.

Без дозвола од претпоставените тој ја затворил канцеларијата на четри дена и заминал на краток одмор.

Претпоставените се обиделе да го добијат преку мобилен, но на крај морале да го искомуницираат преку фејсбук, а кога го отвориле неговиот профил имале што да видат.

Тие ги виделе фотографиите од нивниот вработен како ужива на еден остров со другарите од средно школо.

„Вработениот го прекрши работниот кодекс, ги занемари своите должности и обврски, па затоа мораше да биде разрешен“, изјавил неговиот шеф Хосе Фабија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *