Музејот на Боб Марли во Кингстон, Јамајка

popara22 февруари, 20123min00
14

За многумина, Јамајка значи реге…Регето, во превод- Боб Марли. Култниот лик кој донесе вистинска револуција во светот и ден денес е почитувана икона. Неговиот колоритен свет и уникатен стил, едноставно, се наоѓаат на секој раб на светот. Меѓутоа, постои едно место кое целосно го вклучува секој елемент од неговиот живот- музејот во Кингстон.

Крцкавата дрвена куќа е всушност местото каде Боб Марли живеел. Денес, куќата функционира како музеј кој истовремено е  туристичка атракција, музеј и светилиште, а при тоа останува нејзината автентичност. И тоа, во тој облик во кој Боб Марли ја оставил во периодот на неговите „судни денови“. Куќата е заштитена од стражари, односно од неговите Растафаријански браќа и сестри. Она што ќе Ви го одземе вниманието уште при самиот влез, е големата обоена статуа која навистина предизвикува емоции. А најемотивниот дел, неочекувано ќе Ве пресретне во просторијата во која Марли го преживеа атентатот. Во неа, се сочувани и сите негови вредни предмети, омилената тексас кошула и специјалниот Орден за заслуги од Владата на Јамајка. Ќе Ве заинтригира и познатиот цитат Wail’n Souln’m, испишан во Растафари стил. Спалната е буквално оставена во првобитна состојба. На креветот се наоѓа неговата позната гитара во форма на ѕвезда. И додека влегувате во емотивниот „ Боб Марли филм“, на самиот излез ќе Ве пречека краткометражен филм посветен на неговите последни денови.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag