Музејот на Исламската уметност во Катар

popara20 февруари, 20123min00
1 (1)

Ретко се случува некој објект да Ве зашемети….буквално! Сепак, ова е случај со Музејот на Исламската уметност во Доха, главниот град на Катар. Традиционалната Исламска архитектура во „ средба“ со дваесет и првиот век, како краен продукт дава спектакуларен ефект.

Посетителот е воодушевен од самиот изглед на музејот уште при самиот влез и како што доаѓа до внатрешноста, едноставно се „чуди“ на дизајнот направен од страна на Im Pei. Музејот ги отвори вратите на јавноста пред помалку од две години. Зградата пак, како што може да се очекува е под големо влијание на античката исламска архитектура која го сместува во еден од најубавите објекти на планетава. Ваков тип на музеј е прв во областа на Персискиот залив, а неговата површина од 45.000 метри квадратни е дополнителен аргумент за амбицијата на неговите дизајнери.

Идејата за музејот е да се внесе мала доза на контрадикторност, типична за ориенталните простори, која заедно со модернистичките елементи дава поинаков белег. Друг доказ за реномето на Im Pei е и стаклената пирамида пред музејот Лувр, која е исто така нивно дело.

Фоајето само по себе е мешавина од мермер, челик и стакло. Како и во надворешноста, во дизајнот преовладуваат благи криви рабови, специфични за традиционалниот Исламски дизајн. Преостанатите детали, ги препуштаме на Ваша проценка…

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag