Музиката – волшебна терапија за вашето здравје

popara20 февруари, 20121min00
1

Музиката е уметност која успева многу длабоко да ја допре нашата душевност, како и да пренесе по неверојатен начин различни пораки. Но знаете ли дека таа може и да лекува?

Според науката ритамот на музиката и вибрациите кои се образуваат се важни за блокирање на стресот. Спротивно на она што мислевме, не само лиричната и смирената музика имаат позитивен ефект врз здравствената состојба, но и стиловите како метал, рок, џез, хаус, исто така имаат позитивен ефект во редуцирањето на стресот. Разликата е во тоа што бавниот ритам делува смирувачки и ја намалува раздразливоста, а брзиот не прави поенергични и ја подобрува концентрацијата поради зголеменото ниво на адреналин и серотонин.

Музичката терапија се изразува со слушање, пеење, свирење, пишување на музички текстови, во зависност од ефектот, кој се бара за пациентот. Музиката е ефективен метод кој се приложува  при депресија, болки, висок крвен притисок, слаб имун систем, напрегнатост на мускулите, мигрена.

Музиката влијае добро и на децата кои страдаат од аутизам, или луѓе со умствени проблеми, при што музиката им помага да мислат позитивно, да бидат поуверени во себе, за да си ја подобрат концентрацијата и целосната психофизичка состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma