По пауза од над 20 години МЗТ Скопје, во сабота ќе го одигра првиот натпревар од оваа сезона во Јадранската лига. Во Загреб, МЗТ ќе и гостува на силната Цибона. МЗТ одржа прес конференција за да ги презентира очекувањата од оваа сезона.
Тренерот, Александар Тодоров, најави дека иако пропуштија дел од подготовките заради повреди, на натпреварот ќе може да смета и на Тодор Гечевски и Кирил Николовски. Тој исто така најави дека во тимот се свесни за големината на противниците, но дека ќе се борат до крај и нема да се предаваат. Ќе играат самоуверено и без притисок.