На аукција масата на која е напишан романот Дракула!

popara1 ноември, 20121min00
masa dracula

Работната масата на која Брам Стокер во 1897 година го напишал своето познато дело “Дракула” следниот месец ќе биде понудена на аукција.

Претходно била обновена и претворена во уметничко дело.

Масата која една компанија од Калифорнија ќе ја понуди на аукција на 15 и 16 декември има долга историја поради која била речиси уништена. На масата и недостасуале фиоки и ногарките и биле исечени.

Брам Стокер, кој почина во 1912 година, масата ја подарил на свој пријател Ј.С.Р. Филипс. Сегашниот сопственик на масата го најмил британскиот производител на мебел и дизјанер Марк Бразиер –Џонс да ја сочува, но и да ја претвори во уметничко дело.

Џонс изјавил дека сакал да ги сочува сите текстури и пукнатини на масата, но и сакал да оддаде почит на човекот кој го воведе вампирот грофот Дракула во модерна поп – култура.

Неговите додатоци вклучуваат изгравирани призори достојни за инспирација и визија за голем човек. Врежани се лилјаци, диви кучиња и рози со трње и пупки. На масата се вградени и две тајни прегради кои ќе бидат порикажени на купувачите.

Се очекува дека масата ќе достигне цена помеѓу 60.000 и 80.000 долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag