На Бали постои само едно правило – Мора да уживате !!!

popara8 јули, 20122min00
34

Ако постои рај на земјата, тогаш тоа е Бали… Туризмот е главниот извор на приходи на овој индонезиски остров, па тешко може да се замислиона што може да имм го овозможи и понуди на своите посетители – тоа треба да се доживее…

Бали е тропски остров, една од 33те провинции на Индонезија, прекрасно место на земјата,  спој на современи туристички објекти во комбинација со богатото минато и наследство. Според мислењето на неколку туристички магазини, Бали е една од најдобрите туристички дестинации, повеќе пати наградувана како најдобар остров.

Бали е опкружен со корални гребени, плажите се неверојатни ( златно – песочни на Исток, црно – песочни на Запад ), а водата претставува вистински предизвик за нуркачите. Вулканите, планинските врвови кои достигнуваат висина и до 3.000 метри, тропските шуми, го прават пејзажот на Бали – единствен во целиот свет. Вистинска туристичка атракција овде се прекрасните делфини…

Бали е и остров богат со кокосови палми, кафе, памук, ориз. Островот е преполн со разновитно цвеќе, најчесто јасмин, хибискус, орхидеја… Овие мириси ќе Ве следат речиси на секој чекор. Атракција се и безбројните храмови, пред кои се изведуваа т доста интересни перформанси. Секој храм организира најмалку два фестивали годишно. Еден од главните храмови е Tanah Lot , а меѓу туристите познат е и  Taman Ajun .

Бали ја има сочувано својата хинду култура, која сеуште се согледува во секојдневието, а се обележува со многубројни церемонии и фестивали. Разновидните уметнички форми: сликарството, вајарството, дрворезот се нештата по кои ова место е познато. Низ улиците на градот можат да се видат насмеани домаќини, љубезни староседелци и играчи кои облечени во традиционална облека изведуваат некои од традиционалните танци во Бали.

Овде сé е толку волшебно !!!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag