На Лидзи Лохан и заврши условната казна: Не можела да ги спречи солзите радосници!

popara30 март, 20121min00
Lindsay Lohan Is All Smiles In Court

Линдзи Лохан заврши со отслужување на условната казна, па со појавувањето во судот не можела да ги спречи солзите радосници.

Актерката и се заблагодарила на судиката Стефани Саутнер за трпението и испуштила возишка со олеснување пред да ја напушти судницата, по краткото сослушување.

Судиката минатата година и наредила низа ограничувања во рамките на пробниот рок, вклучувајќи задолжително “чистење” од сите лекови и советување, а Лохан сите обврски ги исполнила до дадениот рок, овој четврток.

“Само сакам да ви се заблагодарам што бевте коректни. Тоа навистина ми отвори многу врати”, изјавила актерката.

Судиката која одговорила дека немала намера да и одржи предавање, но дека мора да биде свесна дека е под неформална условна казна до мај 2014 година, поради кражба на ѓердан минатата година.

Ако Лохан направи уште некој прекршок, би можела да добие до 245 дена затворска казна, во случајот со ѓерданот. Кариерата повторно и тргна во нагорна линија, пред неколку дена јавено е дека ќе гостува во познатата серија “Glee”, а неодамна беше и водителка во гледаното шоу Saturday Night Live. Во телевизискиот филм ќе ја глуми Елизабет Тејлор.

Во јануари 2011 година Линдзи Лохан е обвинета дека украла ѓердан во вредност од 2.500 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag