На Марс имало вода?!

popara29 септември, 20121min00
mars

Според најновите слики од роботот на НАСА „Кјуриосити“ некогаш на Марс имало вода, вести кои главните научници на мисијата ги нарекоа возбудливи.

И порано имало знаци дека пред многу години постоело вода на црвената планета, но сликите објавени во четвртокот покажуваат мали камчиња кои се заоблени, најверојатно од вода, што е најубедлив доказ до сега за постоење на поток на ова место.

Иако  сега на Марс нема знаци на вода, геолошките истражувања на камењата од претходнии мисии покажуваат дека планетата била потопла, и повлажна порано.

„Кјуриосити“ не ја употребил својата висока технологија за да ги испитува камењата и нивниот состав, но научниците велат дека се сигурни дека вода имало на Марс, од анализата што ја направиле на сликите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *