Сестрата на британската војвотка од Кембриџ, наскоро ќе се најде пред суровата страна на законот. Не, не е во прашање возење во алкохолизирана состојба ниту нешто слично.сепак во прашање е потешко дело…
Пипа Мидлтон се возела во автомобил со три пријатели за време на посетата на Париз. Возачот извадил пиштол и мавтал со него во сред бел ден.на предното седиште е забележана познатата убавица.
Правдата на Париз е подготвена да порене истрага.
-Доколку доказите укажуваат на учествување во казнено дело, секако дека ќе биде кривично гонета. Секој кој е вклучен во нелегална употреба на оружје во јавноста мора да биде фатен и испитан – изјавил извор за Sun.
Потврдено е дека за закана со вистински пиштол на јавно место можна е затворска казна до седум години за сите учесници.