На поранешна мисица по тешка несреќа и остраниле дел од черепот и го вградиле во стомакот…

popara30 септември, 20121min00
misica-01_ff

Поранешната Мис на Ајдахо, Џејми Хилтон (36) доживеала тешка несреќа за време на роболов – паднала и удрила со главата в карпа. По кратко време поминато во состојба на клиничка смрт, мозокот почнал да и отекува, така што лекарите морале да отстранат дел од черепот да не дојде до згмечување.

Отстранетиот дел 42 дена поминал во нејзиниот стомак, за коската да се храни и да остане стерилна, а по повлекувањето на отокот повторно бил вратен.

Кога г-ѓа Хилтон, мајка на три деца која заедно со својот сопруг водат мала фирма за такси превоз, се разбудила од анестезијата по операцијата, можела да утврди дека и недостасува четвртина од черепот, додека во стомакот имала голема, тврда испакнатина.

 

Но, била жива, со добри изгледи за целосно опоравување. Еден месец по новата операција, навистина имало подобрување.

На својот блог, насловен како “Чуда, верувај во нив”, Хилтон објавила фотографија од својот стомак во кој очигледно се наоѓа големо парче коска, како и главата на кој тој дел недостасува.

 

-Ништо на светот денес не е толку важно како тоа дека сум тука. На оваа прекрасна Земја, со моето неверојатно семејство. Можам да ги прегрнам децата, да го бакнам мажот, да зборувам со мојата мајка, и да живеам. Се чувствувам дека моето срце ќе пукне од благодарност. Преполна сум со среќа и радост. Дали ми е се во животот совршено? Не! Но, жива сум!, објавила под фотографиите.

 

Веднаш по успешната операција, Џејми го повикала лекарот кој ја извршил интервенцијата и му се заблагодарила што го спасил нејзиниот живот, а наскоро по напуштањето на болницата, таа се вратила на работа во семејното претпријатие, бидејќи треба да ја подмири шестоцифрената сметка во болницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma