На принцот Хари му се забранети ноќните излегувања и жените!

popara13 март, 20121min00
princ_hari

На Принцот Хари му е забрането посетувањето на барови и добил наредба повеќе да се фокусира на обука, а помалку на убавиците низ светот. Воените команданти едногласно му забраниле социјални настани и му наредиле да се фокусира на обуката за управување со хеликоптери.

Хари или Капетан Велс, како што го нарекуваат во армијата, ќе мора да се откаже од убавиците и алкохолот на некое време доколку сака да се врати во мисија во Авганистан.

“На Хари му е кажано дека неговиот живот му е подреден  на тренингот и ако тоа не му се допаѓа тогаш едноставно нема да оди во војна. Исто така му кажале дека не може своето слободно време да го поминува во барови и кралски посети”, изјавил неименуван извор.

Хари е решен да се врати во Авганистан, бидејќи според наводите на кралскиот прес тим сака да и служи на кралицата и нејзината татковина. Според прес тимот, Хари изјавил дека му се приоритет обврските кои ги има во војската.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag